По успешното претставуване на современите балети
Пастели (1994 година), на музика на Мак Олдфилд и "Енигма" и Инферно (1995 година), на музика н а Алфред Шнитке, Искра Шукарова н и с е претставува с о третиот современ балет, овој пат на музика на големиот италијански композитор од доцниот барок, Антонио Вивалди. Четирите годишни времиња на Вивалди се првите четири кончерта од вкупно дванаесет обавени во 1725 година од неговиот опус 8, II Cimento dell'
Armonia e dell' Invenzione (Натпревар помегу хармониата и инвенциата). Исклучителната виталност на ритмичкиот импулс, живиот осет за инструментален израз, како и силното чувство за музичката форма изразени во музиката на Антонио Вивалди асоцираат на игра и поттикнуваат на лесни движена кои Искра Шукарова ги "ткае" низ музиката н а Четирите годишни времиња. Дванаесетте девоки ja претставуваат атмосферата н а четирите годишни времиња, додека еден играч поминува низ сите тие годишни времиња и го претставува споот на човекот со природата и годишните времиња.
Кореографот Искра Шукарова, и овој пат, како и во претходните два, останува на современиот балетски израз прилагодувајќи го на виртуозната музика на Антонио Вивалди.