Соработка помеѓу двајца уметници, кореографи и композитори кои го истражуваат односот помеѓу звукот и движењето. Инспирацијата за делото произлегува од различните услови создадени како резултат на односот помеѓу маж, жена и пластичен кауч исполнет со воздух.
Тие минуваат низ различни расположенија и ситуации кои ги водат до точка каде што нема враќање назад. На крајот, пластичниот инстант кауч вели АУЧ.