Современиот балет „Изгубена верба", во кореографиа на Саша Ефтимова, а по музика на Лубомир Ангелов-Лупа премиерно е изведена во големата сала на МОБ. Претставата е копродукциски проект помегу МОБ и Дирекцијата за култура и уметност. Балетот е изведен во рамки на манифестацијата „Скопско лето". „Изгубена верба" е сосема поинаква од она што до сега го имам работено. Оваа е прва и единствена претстава, која ќе биде современа класика на 21 век. Ова е нешто ново и првпат ке го видите на сцената на МОБ - вели кореографката Саша Ефтимова. Нејзината замисла е претставата да има три дела, „Изгубена верба" е првиот дел, вториот дел, кој треба да се постави наредната година е „Покајување" и третиот е „Музички ангели. Нов почеток". Ефтимова објасни дека сите овие три дела треба да бидат изведени во целовечерна претстава заедно со оркестарот на МОБ. - „Изгубена верба" е љубовна приказна коа ja разработува психолошката и емоционална состојба на двајца луќе кои се во врска, прикажано преку движења, светло, „движење во движење" и 3Д-визуелизација - вели Ефтимова. Во претставата покрај кореографката, учествуваат солистите на Балетот: Ковачевски, Мими Поп Алексова, Дмитро Чеботар, Биліана Басмациева, Игор Велјаноски, Марија Глигорова, Дафина Данилоска, Трајче Стоковски и гостинот Хозе Карлос Лосада Моралес од Куба. (Според најавата во Нова Македонија, 30.06.2010)