Премиера на балетската претстава „Европа сега, Европа без граници" во изведба на балетски ансамбли на Франција, Грциjа, Италиjа, Португалиjа, Украина и на Македониjа ќе се одржи вечерва на сцената на Долни сараj (21 часот) во рамките на „Охридско лето". Претставата е во кореографија на Саша Ефтимова од МОБ од Скопје, Шарл Жуд од Бордо, Патриција Аперги од Грција, Рафаел Бјанко од Италија, Рафаеле Паз од Португалија, и Виктор Јаременко од националната опера на Украина. За идејната рамка на претставата во каталогот на „Охридско лето" пишува: „Ние сонуваме за место каде што може да сонуваме и да ги остваруваме тие соништа, каде што можеме да бидеме безгрижни и не мора да чекаме подобро утре и посреќен ден. Каде што сите одиме по еден долг животен пат во една насока, рака под рака, еден по друг. За овој подобар свет за кој сонуваме, се што треба да направиме е да им дозволиме на нашите срца да заборават, да простат, да веруваат“. (Според најавата во весникот време, 14.07.2010)