За инспирацијата за оваа ,,весела, летна… претстава’’, Ефтимова вели дека коренот лежи во нејзината опседнатостсо музиката на генијот Драган Ѓаконовски - Шпато во последните две-три години. Таа добила идеја да потпише кореографија која пред се ќе се потпира на неговото генијално творештво.
Какошто почнала да се истражува истражува и да се бави со неговата мемографија видела кој бил инволвиран во почетоците на она што подоцна ние ќе го именуваме како ,,џез култура во Македонија’’. Дополнува дека досега никој нема направено балет на музиката на тоа време кога ,,сите биле ентузијасти и кога живееле со идејата да направат силна промоција на македонската музичка култура надвор од границите на земјата’’.