Кутијата е затворена. Нема никаква мрежа, нема никаков излез. Имам право да се уништувам, да се гризам себеси одвнатре, да се сечам на спомените… Да полудам… Нема веќе ништо во мене, никакви чувства… Сè што сакам е темнина и тишина. Не одам по земја, нема веќе љубов… И сè уште чекам секој ден… Луда… да, обземена од големото лудило на љубовта. Умирам, чекајќи го чинот што дава љубов и става крај на страдањето. Засекогаш се предавам.

П.С. Моето име ќе биде заборавено, а нашиот живот ќе исчезне како трага од густ облак.