За реализацијата на својата творечка имагинација, Искра Шукарова се определува за музиката на Сони Петровски – нејзиниот современ звук, мелодија и ритам, врз која, со богата танцова лексика, во која се вкрстени јазиците на неокласичниот и современиот балетски израз, па преку максимално искористениот психофизички потенцијал и енергија на солистите и целокупниот балетски ансамбл, таа создава интересни кореографски комбинации и сценски решенија, низ кои пулсираат автентични слики со асоцијативен блесок на крик и страв.