Во нашава претстава смртта е далеку поприсутна отколку што е тоа во епот. Во неа многу битно место има подземниот свет како свет на едно бескрајно повторување, извесна осуденост на механичност. Во тој подземен свет Гилгамеш одбива да биде негов крал. Морам да нагласам дека Табачки токму во сцената на подземниот свет постигнува совршенство во својот израз. Инаку, претставата нема директна поврзаност со денешницата, туку таа е поблиску до светот на фантастиката.
– Владимир Милчин