„Соѕвездието на Блаже Конески“, мултимедијален балет, премиерно ќе биде изведен на 21 јуни во Македонскиот народен театар, со што ќе биде отворена годинашната манифестација „Скопско културно лето“. Овој балет, кој во себе содржи игра, пантомима и рецитација, е работен врз музиката на Љубомир Бранголица, а свои песни рецитира самиот Конески, што, заедно со музиката, ќе се репродуцира од лента.