„Можеби се работи за нешто минимално“ (It could be something very minimal) е насловот на долгогодишната соработка на тема перформативно истражување меѓу Викторија Илиоска, Макс Шмирзиц и Патрик Форо, а ги обработува афективните пермутации и модулации на телата и просторот. Проектот е фунгален, расте, се собира и се реоформува од почеток во согласност со барањата на неговата средина и вкрстените тенденции на неговите составни односи. Се работи за субјективното интраактивно бивствување во редукционизмот, виртуозноста, естетиката, имерзијата, пластичноста и евтиното; овој пат со ласерско шоу и костими.
Викторија Илиоска, Макс Шмирзиц и Патрик Фаро се среќаваат на Институтот за применети театарски студии, а заедно работат од 2017 година. Досега имаат поставено три перформанси во рамките на истражувањето „It could be something very minimal“. Четвртата и петтата инсталација ќе се постават во Скопје и Франкфурт на Мајна. Преку комбинација на искуството во танцот и кореографијата, експерименталната електронска музика, дигиталната проекција и теоретското истражување, нивните дела воспоставуваат длабоко афективни простори и односи со публиката. Нивниот интерес е разнообразен и променлив, иако сепак постојано се навраќаат на потенцијалот на телото и телата.