“Еј, јас сум. Од позади. Одамна не си ме забележал. Само повремено ми обрнуваш внимание. Никогаш не се осмели да ме ставиш во центарот на вниманието. И јас сум уморен. Уморен сум од тоа да бидам само нешто „приватно“. Уморен сум да ме цензурираат, покриваат. Уморен сум да бидам онаму каде сонцето никогаш не допира. Време е да ме ставиш во главната улога. Можеби тоа е единствениот начин да се продолжи.
Сакам да ме набљудуваш, да ме осудуваш, да ме сакаш, да ти е незгодно со мене, да се изгубиш во мене, да ме негуваш. Ми треба да ме храниш. Ми треба да ја славиш мојата моќ. Сакам да ме гледаш како дел од тебе. Бидејќи сум тука, отсекогаш сум бил веднаш зад тебе. Јас сум клучот до непознатиот космос. Треба само да тропнеш три пати.” (Александар Георгиев)
„Силата на С“ произлегува како еден од резултатите од кореографското истражување „КО-серии“ на кореографот Александар Георгиев, кое се занимава со праксата на ко-егзистирање преку кореографија и танц, а ова дело се занимава со истражување на делови од телото кои се покриени, срамни или цензурирани, и им дава поинаков визуелнен и афективен однос.