Приватното балетско и танцово училиште и студио РЕБИС основано од Гордана Деан Поп-Христова, во текот на годините едуцирало повеќе од 5.000 ученици од сите возрасти. Танчерите од Rebis учествувале на повеќе од 50 танцови натпревари низ Европа, освојувајќи бројни први награди за кореографија, групни и индивидуални изведби во џез балет, хип-хоп, модерен и современ танц. Низ својата историја, Rebis има создадено многубројни кореографии за различни фестивали, телевизиски емисии, концерти и музички настани.