Соња Здравкова Џепароска моментално работи како професорка на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Дипломирала и магистрирала балетска педагогија и кореографија на Академијата за театарски уметности (ГИТИС) во Москва, Русија. Магистерски и докторски студии од областа на театарската теорија завршила на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Континуирано учествува на многубројни меѓународни научни конференции и проекти кои ја промовираат македонската танцова култура. Авторка е на книгите: „Карактерни танци“ (1998), „Дискурси на танцовата уметност“ (2001), „Балетска драматургија“ (2003), „Историја и теорија на танцовата уметност“ (2006), „Аспекти на перформативната кинестетика“ (2011) и „Од Тешкото до македонскиот постмодерен танц“ (2019).
Како соработничка на проектот CD-ROM „Театарот во Македонија“ (ФДУ, 2003), е добитничка на колективната награда „Гоце Делчев“. Во 2023 година ја доби наградата „13 Ноември“.