Ово мој прв современ балет го нареков Пастели, а с е состои од неколку
слики во кои е присутно различно расположение. Но, сите тие слики прават една логична целина и изразуваат ведро и "пастелно" расположение.
Во балетот се обидов да прикажам елементи и покрети на современиот балет, кошто е еден вид лесна и подвижна игра, со меки покрети на телото. Целта ми беше да ги пренесам на нашата публика актуелни трендови во современиот балет, кошто веќе подолго време се негуваат во светот, особено во Франција.

Дејствието: на балетот се состои од три секвенци. Секоја секвенца почнува со група луѓе коишто се наоѓаат на местото на настанот коешто е затворен простор : ПРОСТОР СО •ВЛЕЗ, НО БЕЗ ИЗЛЕЗ. То простор не мора да биде само затворената соба, како што е претставена во балетот, тој простор може да биде и многу поголем, дури може да се смета дека може да биде и целава наша планета. Единствениот излез на овие луѓе од овој затворен простор е да продолжат да циркулираат во него.
Во балетот се користи музиката на еден, сега може слободно да се каже,
на еден од класиците на современата музика на дваесеттиот век. Се работи за Алфред Шнитке и неговиот Кончерто Гросе Нумеро 1.