Балетски проект во кој современиот танц е споен со ликовни претстави. Тесната соработка помеѓу ликовниот ументик и кореограф се изразува низ содржината на целата претстава, додека изведувачите се тие коишто низ своите движења ја пренесуваат идејата на кореографот. 

Балетскиот проект е поделен на сегменти каде што кореографската идеја се развива во зависност од позицијата на сликите кои се движат поставени на паравани. Целта на балетот е да се покаже надворешната и внатрешната слика на човекот - неговата надворешна претстава и они делови од внатрешниот свет коишто тој понекогаш тешко ги согледува. 

Музиката, како дел од идејата на проектот е поделена на барокна која се користи за да се потенцира совршеноста и на електронска - електронските звуци се користат во оние делови каде што изведувачите остануваат сами со себе.