Локомоушн, Скопје и Конденз, Белград октомври, 2011

Пред 4 години, Станица – Сервис за современ танц и Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата основаа два фестивалa во регионот: Конденз во Белград и Локомоушн во Скопје. Овие фестивали беа формирани како дел од мрежата на Номад Танц Академијата со цел да ги презентираат најновите и најиновативните дела на кореографите од регионот и пошироко. Нашата цел е да ја запознаеме локалната публика со различните аспекти на современиот танц и перформанс. На фестивалите може да се гледа како на простори што се појавуваат и исчезнуваат. Сфативме дека денес уметниците патуваат низ целиот свет презентирајќи ја својата работа, без можност да влијаат на локалните контексти, да бидат дел од размената, да (на-) учат, или пак да стекнат некое искуство. Оттука, во неолибералниот капитализам фестивалите станаа маркетиншки простор за уметничките дела, во коишто недостасува социјално, едукативно, развојно, 20 21 разменувачко генерирање на знаењето или логиката на интервенција во контекстот. Токму затоа, оваа година најголемиот дел од програмата е посветена на овие недостатоци, и на реализација на истата на различен начин. Решивме да ги поврземе овие два фестивали и да отвориме поголем простор за комуникација со публиката со тоа што нудиме програма во која границите на авторитетите, просторот, публиката, изведувачите, селекторите, територијата и фествалот се доведени во прашање. Конденз и Локомоушн заеднички работеа на развивање на дел од програмата, делејќи ги кураторските и организациските обврски, а во соработка со организацијата Hybris Kunstproduktion од Шведска ја развија „Кураторската програма“. И двата фестивали однапред селектираа неколку дела. Конденз покани четворица автори кои се активни во европскиот контекст (Родриго Собразо, Клемент Лајес, Драгана Булут, Мариа Барончеа, Едуард Габиа, Крис Леуенбергер); во програмата на Локомоушн влегоа четири перформанси од Клемент Лајес, Драгана Булут, Мариа Варонсеа, Едуард Габиа, Торвалд Силвер, Техван Ратсаник, Кире Миладиноски и Александра Кочовска. „Кураторскиот програм“ е развиен од предлозите на учесниците, уметниците, теоретичарите и организаторите, кои се дел од областа на современите изведувачки уметности во Македонија, Србија, Словенија, Романија, Шведска, Франција, Швајцарија... Кураторскиот програм е развиен со помош на една поразлична фестивалска методлогија, односно, наместо селектирање на перформансите од страна на самите селектори или уредувачи на програмата, учесниците беа поканети од страна на кураторите. Поканетите учесници ја предлагаат и ја ко-уредуваат програмата заедно со кураторскиот тим, донесувајќи различен пристап кон работата, различна креативност, знаење, естетика итн., и притоа се присутни за цело време додека трае фестивалот и Кураторскиот програм. Идејата е да се сретнат со публиката со цел заеднички да се обидат да ги ре-изградат фестивалските простори, и да поминат некое време заедно презентирајќи ги своите интереси и знаења, разменувајќи информации и споделувајќи ги истите, учејќи за разликите и сличностите на разните методологии на креирање контекстуални услови и логика. 

 

Како Кураторскиот програм се занимава со кураторство?

Вовед

Конденз, Белград и Локомоушн, Скопјe се два фестивала на современи изведувачки уметности, коишто се појавија во скоро ист период во 2008-та година, во релација со предизвикот кој го имавме – празнина помеѓу големите и пазарно-ориентирани локални фестивали на изведувачки уметности и локалните заедници на современи изведувачки уметности. Почнавме со презентирање на помали, нови и различни дела, и ја поканивме публиката да се запознае со нивото на кое се наоѓаат современите изведувачки уметности денес, гледано од аспект на составувачите на фестивалските програми. Оваа година сакаме да го отвориме прашањето за ко-кураторство и за давање на поразличен простор на нашите колеги и поканетите практиканти кои работат во различни контексти, за да им овозможиме да дојдат и да предложат што и како тие би сакале да направат. Контекст Основен интерес на овогодинешните фестивали е селекцијата и организацијата на изведувачките уметности и кураторството (претходно попознато како уредување/планирање на програмата). Дискусијата за кураторството во современите изведувачки уметности се развиваше во последните 5-10 години, а во последно време е видливо и доста раширено преку неколку изданија, како што се Фракција #55 и Кураторство во изведувачките уметности (лето 2010); конференцијата „Другата страна на кураторството: стратегии за пренесување на знаењето во танцувачките, изведувачките и визуелните уметности“ (јануари 2011 во Есен, Германија); работилници како што се „За кураторството како критичка пракса“ (април 2011 во Нови Сад, Србија) и фестивали како Плескавица (јули 2011 во Љубљана, Словенија).

Како го дефинираме кураторството?

Кураторството е термин кој всушност се користи во визуелната уметност за активности поврзани со селектирање и организирање на збирки на музејски предмети во изложба. Денес, терминот и неговото значење се проширени и вклучуваат сè, од собирање средства за добротворни цели до културна политика, промовирање на ново уметничко дело и контекстуализација на постоечките дела, поттикнување 24 25 на дискурс околу уметничкото дело, дизајнирање на тоа како гледачот го доживува уметничкиот простор, па дури и како го изведува. Улогите на кураторот, изведувачот, кореографот, менаџерот, критичарот, публиката и теоретичарот се сменија и измешаа во голема мера и доста радикално. Ние сакаме да ги разбереме функциите на овие улоги преку тоа што кураторството би можело да значи за нас, во овие контексти.

Зошто сакаме да работиме на ова?

Ние сметаме дека дискусијата за кураторството како пресек помеѓу уметничките, економските и политичките практики е од голема важност, и остава простор да биде понатаму истражувана и развивана. Како уметничките предлози (проекти) на растечкиот глобализиран пазар се поканети, селектирани, дистрибуирани, поврзани едни со други и презентирани на публиката имаат значајно влијание на тоа како се ствара уметноста и исто така каков уметнички и интелектуален дискурс се негува во заедниците. Секако и тоа кои уметнички предлози ќе ја задоволат публиката од одреден локлен контекст, и што може од тоа да произлезе. Изборот на уметниците, а оттука резултатот на секое кураторство е длабоко поврзано и одредено со параметрите на време, пари, колективни процеси и културни конфликти. Потребата да направиме програма посветена на кураторството се појави од желбата да експериментираме со тоа како фестивалите би можеле да бидат заеднички организирани и презентирани на јавноста. Од една страна, повеќето фестивали ставаат акцент на прикажување на делата на неколку докажани автори или автори во подем и оттука истите често промовираат хомогенизација и комерцијализација на дистрибуцијата на уметност. Од друга страна пак, потребата од уметничко, практично експериментирање во однос на поконвенционалните и пазарно ориентирани формати на презентација и вмрежување доведе до зголемување на бројот на отворени формати, од кои повеќето се однесуваат само на уметничката заедница. Во текот на овогодинешните Конденз и Локомоушн, целиме да најдеме интересни баланси, разлики и преводи преку комбинирање на различни начини на селектирање во однос на контекстите. Сакаме фестивалите да оформат простор кој ќе овозможи акција и средба, а исто така и отворен простор каде што публиката е секогаш добродојдена.

Начини на селекција - Кураторски програм

Со цел да го овозможиме сето ова, ние поканивме перформанси/дела коишто сметаме дека се прилично интересни и значајни за да бидат споделени во нашите локални контексти. Понатаму, го инициравме 26 27 и Кураторскиот Програм, што всушност претставува група од 15 специјално поканети уметници, теоретичари и куратори од Балканот и Западно-европскиот регион за кои веруваме дека имаат интересна комбинација од уметнички и дискурзивни практики и искуства, како и дека се поврзани со кураторството како поим. Тие се поканети во улога на ко-куратори и како такви можат да поднесат предлози, дела, практики, ситуации, дискусии, игри, оброци, читачки сесии, итн. Предлозите може да бидат индивидуални или колективни, постоечки, нови или во подготовка. Нашата цел, преку овој формат, е да создадеме простор кој ќе претставува плодна почва за уметничкиот дискурс, за публиката, како и за дискурсите кои заеднички ги развиваме околу тоа што се изведувачки уметности и што може тие да направат. Сите настани што се дел од Кураторскиот програм се бесплатни (означени со КП во распоредот).

Почитувана публико, (ова е за да ги задржиме титулите, или нешто слично, но не е удварање, а сепак е директно и топло) Ви посакуваме топло добредојде на сите настани од фестивалите, на настаните за кои што можете да ги најдете во оваа програма, како и на спонтаните иницијативи. Се гледаме! Гл авен ко-кураторски тим: Далија Ачин (СРБ) Драгана Алфиревиќ (СРБ/СЛО) Маријана Цветковиќ Марковиќ (СРБ) Андерс Јакобсон (ШВЕ) Искра Шукарова (МК) Биљана Тануровска Ќулавковски (МК) Јохан Теландер (ШВЕ)