Често пати се прашуваме што може допирот да направи, до каде може да нè одведе и во кое искушение да нè стави… Нè опкружува, исполнува и предизвикува, носејќи нè во неоткриени, но веќе видени правци на нашето постоење. Допирите на движењата, емоциите, светлината и музиката се едни од идеите на кои се базира оваа апстрактна сторија, инспирирана од различните интерпретации на Баховата „Голдберг варијација“.