Балетот „Дубровничка легенда“, како музички израз, претставува неоромантичен стил и, како што вели композиторот Бранголица, првпат во неговата музичка кариера има таков балет. Музичката форма, вели Бранголица, одговара на класичниот балет, звучно носи архаичен тон на медитеранското поднебје, но со современа оркестрација и хармониски решенија.