- “Кој ни замати извори бистри, извори на души чисти?" Кочо Рацин -
“Блокови” е мултимедијален перформанс кој вклучува танц, звук, светло, видео и сценски елементи. Во ова дело се прикажува борбата на човекот и неговата мисла преточена во градење и рушење на ѕидови кои фигуративно го преставуваат моменталниот ментален склоп на општеството и неговата поделеност. Авторот на ова дело црпи инспирација од македонскиот поет Кочо Рацин и неговата поезија. Во ова дело голем печат остава дизајнот и решениот на светлото како и сценските елементи кои се интегрирани во нарација на истото.