“09190” е танцова престава создадена за потребите на Скопје Танцов Театар 2 со студентите од катедрата за современ танц, при Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Во ова дело се разговара за заборавот, неизвесноста, празнината. Смиреноста и одмереноста во движењата создаваат енргија која го обзема целиот простор и го кани гледачот да биде дел од самиот перформанс.