„Танцот на кадетите“ е вкусно и умешно направен мозаик од најубавите страници на творештвото на Штраус, прекрасен букет на една вечна, жива и непресушна мелодиска инвенција.

Ученичките на петроградскиот колеџ ја приредуваат традиционалната приредба на која ги повикуваат кадетите од воената академија. Кадетите доаѓаат со својот генерал и, по совладаната срамежливост, се забавуваат со девојките. Генералот ѝ се умилкува на директорката на колеџот, а тоа го забележуваат сите присутни.

По очигледното генералово умилкување на директорката, танцот доаѓа до кулминација и завршува со голема веселба во која сите учествуваат.