Дејствието на балетот се состои од три секвенци. Секоја секвенца започнува со група луѓе кои се наоѓаат на местото на настанот, кое претставува затворен простор: ПРОСТОР СО ВЛЕЗ, НО БЕЗ ИЗЛЕЗ.
Тој простор не мора да биде само затворената соба, како што е претставена во балетот; тој простор може да биде и многу поголем, а дури може да се смета дека тоа е и целата наша планета. Единствениот излез за овие луѓе од овој затворен простор е да продолжат да циркулираат во него.
Во балетот се користи музиката на еден, денес слободно може да се каже, класик на современата музика на дваесеттиот век. Станува збор за Алфред Шнитке и неговото Concerto Grosso No. 1.